ВМРО-ДПМНЕ обвинува, МВР негира: Полициец впери пиштол во кандидат за градоначалник?

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува насилничкото и брутално однесување на СДС и инститиуциите кои тие ги имаат под контрола, реагираат од опозициската партија и додаваат дека очигледен е стравот и преплашеноста на СДСМ од народот и енергијата која е наочена против беззаконието кое тие го манифестираат. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека на кандидат за градоначалник му бил вперен пиштол од полицаец само затоа што е од друга партија. 

„Со ова се покажа дека СДС ја има киднапирано државата и ги урива сите вредности на демократијата. На кандидат за градоначалник му беше вперен пиштол од полицаец затоа што е од друга политички опција спротивна на СДС. Претходно граѓаните беа малтретирани и автобуси праќани на вонреден технички преглед, со што СДС манифестираше брутално беззаконие. За ова СДС ќе одговара. Ќе дојде ден кога ќе излезат пред очите на правдата. СДС со нивните злоупотреби не може да ја спречи енергијата на народот насочена против нив. Одговорот од народот пристига на 15 октомври“, се вели во реакцијата на опозициската партија. 

По ова се јави и министерството за внатрешни работи, од каде остро се отфрлаат невистините објавени на дел од интернет-порталите и тврдењата на одредени политички партии дека автобуси денеска биле запирани и праќани на вонреден технички преглед и дека наводно полицаец вперил пиштол во глава на граѓанин.

„Целосно неточна е објавата дека автобуси со симпатизери на политичка партија биле запирани и праќани на вонреден технички преглед. Се повикуваат оние што ја пласираат оваа невистина да покажат каков било документ со кој ќе биде докажано дека автобуси биле праќани на вонреден технички преглед.

Невистина е и пласираната вест дека полициски службеник му вперил пиштол во глава на лицето М.Ј. Денеска, при извршувањето на своите работни задачи полициски службеници се обиделе да сопрат возило мерцедес што со голема брзина се движело по булеварот Александар Македонски во Скопје. На дадениот знак возилото не застанало, по што полицајците со возило на МВР тргнале по мерцедесот со намера да го сопрат. По извесно време мерцедесо“ бил стигнат и запрен од страна на полициските службеници и согласно со процедурите се побарани документи од сите четири лица кои биле во возилото, а меѓу нив бил и М.Ј.

Полициските службеници ги прашале овие лица дали носат нешто недозволено или оружје, на што М.Ј. пријавил дека носи пиштол со дозвола, по што е направена проверка и утврдено е дека М.Ј. има дозвола за пиштолот. Додека полициските службеници ја вршеле проверката, во близина запрело друго возило, од кое излегле две лица, од кои лицето О.А. почнало дa ги навредува полицајците.

МВР постапува единствено согласно со законите и укажуваме дека ширењето шпекулации и невистини не е во интерес на граѓаните“, стои во реакцијата на МВР.

Коментари

Популарно