Денеска облачно со услови за дожд, но вистинското невреме доаѓа од ...

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува, а во западните делови ќе има локален дожд, што во ноќните часови ќе се прошири на повеќе места. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Т-мин. од 3 до 11, а т-макс. од 21 до 28 степени. УВ=5

Во Скопје сончево со умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот и преку ноќта ќе има повремен дожд. Т-ра: 8 / 26 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од понеделник следува период на променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Во понеделник во западните делови врнежите на места ќе бидат пообилни.

Коментари

Популарно