Што ќе се случи ако место еден, ставите два кондома?

Освен заштита од несакана бременост, кондомот има голема улога и во спречување на ширење на сексуално преносливи болести. Но, иако денес се достапни речиси насекаде, многу луѓе и понатаму веруваат во некои митови за овие „гумени заштитници“. 

1. Ставањето на лубрикант врз кондомот ќе го спречи неговото пукање

Вистина: Лубрикантите врз база на масло и силикон всушност можат да го оштетат кондомот.

2. Кондомот штити од сите сексуално преносливи болести

Вистина: Кондомите не пружаат целосна заштита од генитален херпес, ХПВ, сифилис и срамни вошки. Презервативот не е доволна заштита ни кај херпес тип 2, односно генитален херпес, ниту кај херпес тип 1, односно орален херпес за кој неодамна се открило дека може да се пренесе и по сексуален пат. Кај ХПВ како и кај херпесот, може да се случи личноста со години да боледува без никакви симптоми и да не знае дека е болна, но може да му ја пренесе болеста на партнерот.

3. Ако сте алергични на латекс не можете да користите кондоми

Вистина: Можете да користите кондоми изработени од полиуретан и полиизопрен.

4. Добро е да се чуваат кондомите во паричник

Вистина: Чувањето на едно пакетче кондоми во паричникот подолго време може да го истенчи материјалот од кој е направен кондомот и на него може да се направат ситни дупчиња.

5. Користењето на два кондоми одеднаш ја удвојува заштитата

Вистина: Користењето на два кондоми одеднаш всушност ја намалува заштитата бидејќи се создава поголемо триење и поголема е можноста од пукање на презервативот.

Коментари

Популарно