ВИДЕО+ГАЛЕРИЈА: Почуствувајте ја атмосферата на свадбата на Каролина и Михаил

Најголемата музичка ѕвезда на македонското естрадно небо, Каролина Гочева и Михаил Корубин го изговорија судбоносното „ДА“ на магична церемонија која се одржа на спортскиот аеродром „Стенковец“, во близина на Скопје.

37-годишната македонска ѕвезда изгледаше шармантно во венчаница со чипка.

Бројни македонски ѕвезди, меѓу кои Елена Ристеска, Калиопи, Тамара Тодевска, Владимир Блажев – Панчо, Александар Дадар и Весна Петрушевска, славеа заедно со среќните младенци.

„Михо и Керол од денес па натаму започнува вашата вистинска и најубава животна приказна, само што вие сами ќе си ја направите да трае и да ви е најубаво на свет.. само вие двајца и никој друг не е важен... СРЕЌЕН БРАК!!!“ – напиша Елена Ристеска во описот на фотографија со убавата невеста од свадбата.

Коментари

Популарно