(ВИДЕО) Никол Шерцингер воодушевена од Славко Калезиќ на британскиот „Х фактор“

Како што Ви пренесовме неодамна, црногорскиот актер и годинашен претставник на „Евровизија 2017“, Славко Калезиќ реши да си ја проба среќата и на британскиот „Х фактор“, а после кусата најава за неговата аудиција, истата конечно беше емитувана во целост во рамките на саботната епизода од популарната емисија.

Сосема очекувано, главниот виновик за неговото пријавување на натпреварот е познатиот менаџер и долгогодишен член на жирито, Луи Волш, кој застанал зад повеќе ирски претставници на „Евровизија“, вклучувајќи го и годинешниот, Брендан Мари, па токму во Киев се запознале и со Славко.

„Додека бев зад сцената, разгледував наоколу и го забележав Луи, па отидов да се поздравам. Тој ја забележа мојата долга плетенка и лудиот костим што го носев за настапот и ми рече дека треба да се пријавам за ’Х фактор’ и дека би бил одлично прифатен“, откри Славко, раскажувајќи им на останатите членови на жирито, а особен впечаток ѝ остави на американската пејачка Никол Шерцингер.

„Отсекогаш се прашував како би изгледала Никол како маж“, прокоментира Сајмон Кауел, на што таа одговори: „Еве, токму вака!“, покажувајќи кон Славко, кој се претстави со песната „End of Time“ на Бијонсе. Луи, Шерон Озборн и Никол му дадоа потврден одговор, а Сајмон само му честиташе дека продолжува понатаму во натпреварот, а дали ќе стигне до финалните вечери во живо ќе дознаеме во наредните неколку недели.

Целата аудиција можете да ја погледнете во продолжение.

Коментари

Популарно