Каква казна заработи скопјанецот што го нападна Никола Груевски?

36 годишен скопјанец е приведен во полициската станица Центар синоќа за време на одржување на собирот на плоштадот „Јадран Сквер", во организација на политичката партија "ВМРО-ДПМНЕ".

Р.Р бил приведен бидејќи прснал со гасен спреј за заштита во правец на бината, во време кога говорел претседателот на политичката партија “ВМРО ДПМНЕ“, соопштија од МВР.

Како што  информираа оттаму во 22.15 часот во полициската станица-Центар, Д.Г.(29) од скопското село Орешани кој бил во публиката во непосредна близина на бината, се пријавил како оштетено лице, испрскан од спреј-солзавец, од страна на Р.Р. Против Р.Р ќе бидат поднесени прекршочни пријави по член 4 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и член 80 од Законот за оружје, наедно издаден му е и платен налог во висина од 500 евра.

Коментари

Популарно