Омер раскина со Гузепе Озај - причината е Дафне!

Турските медиуми пишуваат дека Бариш Ардуч ја раскинал свршувачката со Гузепе Озај. Таа не се појавила ни на сетот на снимањето на новата турска серија „Делиха2“ . Причината наводно била нејзината љубомора поради новиот филм кој актерот, познат како Омер од серијата „Изнајмена љубов“, го снима со неговата колешка Елцин Сангу (Дефне од серијата) насловен како „Те молам не оди“. Во новиот филм тие ги играат улогите на вајарката Ада и богатиот Мер, и повторно се вљубени.

Кавгата почнала уште кога Бариш прифатил да снима, па наводно, цела ноќ се расправале во станот во кој живеат.

„Ако снимаш пак со таа кучка, заборави на мене“, викала Озај, по што актерот си отишол од станот. Турските медиуми пишуваат дека актерката сè повеќе ја погодувале заедничките фотографии на Омер и Дефне од сцените од снимањето на филмот.

Коментари

Популарно