Гледате порно? Ова мора да го знаете

Нова студија на канадските истражувачи на Универзитетот Лавал во Квебек, објавена во весникот “Journal of Sexual Medicine”, покажува дека постојат различен тип на љубители на порно филмови, чие гледање на содржините за возрасни се дели на здраво и нездраво, пренесува Esquire.

Во студијата се идентификувани три вида на „гледачи“: рекреациски, компулзивни и депресивни.

Испитувањето било вршено врз 830 луѓе од универзитетот и социјалните мрежи. Во групите се помешани лица од различен љубовен статус: 35% од нив биле во брак или живееле со партнерот, речиси ист процент биле и оние што се соло и 29% од нив оделе со некого. 70% од вкупниот број испитаници биле жени, 80% хетеросексуалци и сите имале околу 25 години.

Одговарале на прашалниците за нивното сексуално задоволство, а меѓу прашањата биле и оние околу сексуалната дисфункција, зачестеноста за избегнување секс и гледање на порно филмови каде што одговарале на прашалниците за нивната компулзивност во консумирањето на содржини за возрасни, времето на гледање на порно филмови и нивните чувства за време и после гледањето.

Истражувачите дошле до следните резултати: 75% од испитаниците се категоризирани во „рекреациска“ категорија, кои ја сочинувале мнозинството жени и лица во врска, кои гледале порно во просек 24 минути неделно.

Од испитаниците, 12,7% спаѓале во „депресивни гледачи“, а нив ги одбележувала ниска компулзивност во гледањето на порно филмови, но и високо ниво на емоционален стрес откако би погледале вакви содржини(на пример, би се чувствувале виновни). Тие гледале порно филмови околу 17 минути неделно.

Само 1,8% од испитаниците завршија во „компулзивната“ категорија, а нивното гледање на порно филмови зазема околу 110 минути неделно.

Констатацијата на истражувачите на оваа студија е дека гледањето на порно филмови претставува проблем за две групи луѓе, но за мнозинството не постојат негативни исходи за сексот.

Коментари

Популарно