Што да направите кога губите мрежа на мобилниот?

Додека сте во градското подрачје се е во ред меѓутоа само што ќе излезете во природа, на плажа или додека патувате, мрежата на мобилниот ви е се послаба и послаба? Имаме решение за вас.

Постои начин цртичките на ајфонот да бидат заменети со точни нумерички вредности. Се што треба да направите е во полето за бирање на броеви да внесете *3001#12345#* и да притиснете на копчето CALL.

Наместо цртички ќе добиете броеви, а на мобилниот е се отвори Field test мени. Потоа притиснете на копчето за исклучување, додека не се појави лизгачот за гаснење, а потоа home копчето држете го околу шест секунди. Можете да излезете од field test менито со притискање на home копчето и бројките ќе останат.

Коментари

Популарно