(ВИДЕО) Австралијка со голи раце фати ајкула и ја врати во океанот

Австралијката Мериса Хејтер, која работи како агент за недвижности, е хит на социјалните мрежи откако се појави видео во кој таа фаќа ајкула и ја враќа во океанот.

Мелиса пливала во природен базен во Оак Парк во предградие на Сиднеј, кога налетала на бакарна ајкула и одлучила да ја спаси.

Нејзината ќерка дури снимила и видео како мајка и се бори со ајкулата и ја префрла од базенот во морето.

„Едноставно сакав да ја фатам ајкулата. Да беше возрасна ајкула не би го направила тоа“, вели Хејтер и додава дека ајкулата била мала и од стрес и дезориентираност се удирала со главата во карпа.

„Jа фатив за вратот за да не може да се сврти и да ме гризне. Не беше толку тешка, но нејзината кожа беше груба. Ја фрлив преку работ и видов како отплива“.

Инаку овој вид ајкули ако се гладни се многу агресивни, а повеќепати годишно во Синдеј настрадува некој човек.

Коментари

Популарно