ДОЈДЕ КРАЈ: Во оваа земја 24 години имаа бесплатно струја, гас и вода

Од 1993 година граѓаните на Туркменистан користеа бесплатно струја, гас и вода. 

Но, неодамна е донесен закон со кој овие привилегии се укинуваат. 

Досега секој поединец имал право на бесплатни 35 kW  струја, 50 метри кубни гас месечно и 250 литри вода дневно. 

До 2014 година за сопствениците на автомобили давале и по 120 литри бензин месечно. 

Од 1 ноември граѓаните ќе плаќаат од свој џеб ако го поминат лимитот установен од 1993 година. 

Се смета дека овој систем не е оддржлив и дека во иднина ќе биде достапен само за социјалните случаеви. 

Коментари

Популарно