Да се знае кој е шампион: Надиграна Барселона во Скопје!

Европскиот шампион Вардар оствари голема победа против Барселона (27:24) и остана непоразен после пет кола во Лигата на шампиони оваа сезона.

Вардарци беа подобри на теренот во поголемиот дел од мечот, иако Барселона подобро го започна натпреварот и поведе со 2:0. Набрзо европскиот шампион ги презеде работите во свои раце и стигна до предност од 11:6, а на одморот Вардар замина со предност од 16-12.

Во второто полувреме Вардар покажа зрелост и продолжи да го држи нивото на игра, „црвено-црните“ не и дозволија на Барселона во ниту еден момент да се врати во игра.

Високата предност сепак придонесе мало опуштање во финишот кога Вардар заработи три исклучувања, но немаше време за нешто повеќе па конечниот резултат гласеше 27-24.

Вуко Борозан со шест и Хорхе Македа со пет гола беа најефикасни во составот на Вардар. Арпад Штербик одново беше во главна улога со 14 одбрани.

Коментари

Популарно