Имала афера со женет човек, кога ја оставил направила нешто што не се простува

Мајка на четири деца имала афера со оженет маж. Но работите тргнале лошо, а таа решила да му се одмазди.

Лаура Арнолд(37) од Лондон, била нешто повеќе од една година во врска со маж. Таа има четири деца и да е ова нормална приказна би била прекрасна-маж кој од љубов прифатил самохрана мајка на четири деца. Но во реалната верзија тој маж веќе имал жена, а и деца. А и Лаура имала маж, односно после се веќе нема.

Имено откако љубовникот посакал да ја остави, таа ги објавила неговите голи фотографии на Фејсбук, праќајќи ги и на неговата сопруга и деца.

-Лажго, преварант-пишувало на една од нив, со едно големо УПС преку гениталиите.

За да биде полошо, госпоѓа Арнолд наредниот ден од својот љубовник барала 6.000 фунти, за неговите фотографии да ги тргне од социјалната мрежа.

Со оглед на тоа дека се работи за уцена, целиот случај стигнал до суд, а осветољубивата жена била осудена на 26 недели затвори и 18 месеци условно, како и две години забрана за приоѓање на жртвата и неговото семејство.

Коментари

Популарно