Шилегов слави победа во прв круг - ДИК сеуште не официјализира

Кандидатот за градоначалник на град Скопје, на СДСМ, Петре Шилегов, објави победа во првиот круг од локалните избори. Засега ДИК има обработено 98.1% од гласачките ливчиња. Според резултатите Шилегов е во убедливо водство и многу блиску до победа во првио круг, но сеуште има недобројани гласачки ливчиња кои можат да ја сменат сликата и да се оди во ново гласања.

Новото Скопје повторно се раѓа, а Македонија ги заокружи промените и тргна напред. Резултатите се јасни во Скопје имаме победа во првиот круг, порача денеска кандидатот на СДСМ за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов.

– Македонија добива главен град кој поврзува, главен град кој работи за граѓаните. Овој резултат за мене претставува голема чест, но и уште поголема обврска. Новата градска администрација што ќе ја предводам ќе биде сервис на граѓаните, раче Шилегов.

Тој им се заблагодари на сите граѓани на Скопје, на сите политички партии кои учествуваат во изборите, како и на сите институции што овозможија слободни и демократски избори. На овие избори, како што нагласи, победија граѓаните на Скопје и цела Македонија.

Шилегов рече дека се уште нема добиено честитка од досегашниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски и дека очекува во текот на денешниот ден да му се јави и да го признае поразот

Коментари

Популарно