Без лажење: Зошто тој не сака да стави кондом?

“Њујорк тајмс” ја истражува и открија вистинската причина зошто многу мажи не сакаат да користат кондоми – проблемот е во големина.

Како што знаете, многу производители прават кондоми во основна, стандардна големина, а проблемот е што оваа големина не одговара на големината на просечниот пенис.

Студиите покажаа дека просечниот машки полов орган во ерекцијата е околу 2,5 сантиметри пократок од стандардниот кондом, кој е долг околу 17 сантиметри.

“Идеата беше кондомот да биде доволно долг и да одговара на повеќето мажи, а оние на кој овој кондом им е голем можат да го остават намоткан на крајот”, објаснува експертот за сексуално здравје Деби Хербеник.

Истражувањето спроведено од Хеберник, во кое учествувале 1661 мажи, покажало дека 83 проценти од мажите имале проблем со стандардната големина на кондомот, бил подолг од нивниот полов орган. Просечната должина на машката “алатка” е 14,15 сантиметри.

Со оглед на тоа дека навистина е важно кондомот да биде со соодветна големина да не се намали задоволството за време на односот, ќе морате малку да експериментирате. Бидејќи дизајнот на кондомите е различен, стандардните големини од различни производители се различни, па најдобро е да пробате неколкумина и да си го одберете оној кој најмногу ви одговара.

Коментари

Популарно