ФОТО: Манекенката му побарала 50 илјади долари, а тој и раскинал - следела сурова одмазда

Човеков е банкар и му се случил вистински шок откако раскинал со својата девојка, руската манекенка Кристина Кучма.

Манекенката откако за време на една вечера во ресторан со своето момче од него му побарала 50 илјади долари за да започне сопствен бизнис и откако тој ја одбил и и раскинал во дворот во сопствената куќа го чекало вистинско изненадување.

Имено неговата девојка која сакала да му се освети му го паркирала неговиот мерцедес директно во базенот, а откако го извади својот потопен автомобил тој си ја отвори душата.

-Морам и јас да прифатам дел од одговорноста, ако жената не е луда, мора вас да ве сака, а јас мора многу да сум ја излудел за да ми го паркира автомобилот во базен, вели тој.

Тој вели и дека за време на нивната вечера и рекол дека ако таа сака момче кое ќе и дава пари и да не работи ништо, тогаш мора таа да била со погрешен човек, по оваа таа му истурила чај врз лицето и си заминала со клучевите од неговиот автомобил.

-Лажго, рече дека ќе ми помогнеш да започнам сопствен бизнис, тоа беа твоите зборови, епа сега ќе се изненадиш од она што ќе го видиш во својот двор.

Коментари

Популарно