Ако таа ви го каже ова по секс, ве ЛАЖЕ

Мажите почесто лажа пред секс, а жените по чинот. Ова се најчестите женски лаги:

„Ова беше најдобриот секс досега“

Некогаш можеби и е. Но, во поголемиот дел од случаите едноставно може да биде само задоволувачки. Нема потреба секогаш да се глуми воодушевување.

„Да, секако, доживеав оргазам“

За жал, поголемиот дел од жените не сакаат да го разочараат партнерот па често лажат дека имале оргазам. Најдобро е да му кажете на партнерот што најмногу ве задоволува за истиот да го доживеете наместо постојано да се глуми.

„Ништо нема да се промени меѓу нас“

Ова посебно важи за сите оние пријатели кои се впуштиле во сексуални односи мислејќи дека тоа нема да го промени нивниот однос. Но, не треба да бидете сигурни дека ова е точно.

„Не, не се засрамив, тотално сум кул“

Жената секогаш се срами од чудните звуци кои ги произведува нејзиното тело за време на односи, но нема да го признае тоа.

„Да, би сакала да имаме секс, веднаш“

Жената секогаш прво ќе сака малку предигра, иако може да не ви го каже тоа.

Коментари

Популарно