ВИДЕО: Стоматолог сам си го извади умникот

Стоматологот Рустам Јакјаев од Русија си извади сам себеси заб со помош на огледало, пишува Дејли мејл, а се тоа го снимил чисто поради забава.

24 годишниот Јакјаев во последно време го мачел умникот, а немал асистент, така што бил приморан сам да си ги олесни маките.

-Направив ренгенска снимка пред тоа, која покажа дека забот е оштетен, и дека навистина мора да биде изваден, кажа стоматологот од Сургут во централна Русија.

-Не беше тешно, а не беше ниту болно затоа што претходно си ставив анестезија, додаде тој.

Јакјаев наведува дека ова искуство за него било добро и доста интересно.

-Сепак, не очекував многубројна публика и толкаво внимание од медиумите, кажа тој.

Видеото е прегледано околу 400.000 пати. Стоматологот сега работни во приватна клиника, а тоа не било случај кога го снимил клипот.

Погледнете ја снимката од вадењето на умникот:

Коментари

Популарно