„Отворено општество“ доби 18 милијарди долари од Сорос

Џорџ Сорос подарил 18 милијарди долари од неговото лично богатство на Фондацијата отворено општество, со што фондацијата стана една од најголемите светски филантропски организации.

Тој овие средства ги подарил на фондацијата во изминатите неколку години за да ја осигура нејзината иднина. ФОО е втората најголема приватна фондација по фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.

Средствата кои Сорос ги подарил на фондацијата се од неговото лично богатство, кое што според Форбс изнесува околу 23 милијарди долари.

Првата фондација Сорос ја основа во 1984 година во Унгарија, а Фондацијата отворено општество ја основа во 1993 година во САД. Буџетот на фондацијата за 2017. година изнесува 941 милион долари.

Коментари

Популарно