ФОТО: Полицаец сврте непрописно и прегази велосипедист во Скопје

На семафорот пред ЕУ инфо центар, полициско возило, на пешачки премин, удри во велосипедист. Полициското возило свртело десно заобиколувајќи го триаголникот и го удрил велосипедот додека поминувал пешачки на зелено. Најважно од се - велосипедистот е во ред.

Полицаецот кој го возел службеното „јети“ непрописно свртил десно заобиколувајќи го триаголникот и го удрил велосипедистот додека поминувал пешачки на зелено, известуваат од организацијата „На Точак“, која на фејсбук објави и фотографија од инцидентот и апелираше до МВР да реагира за случајот. 

Коментари

Популарно