Аца Лукас остана на улица: Имав една куќа, сега немам ниедна

Српскиот фолк пејач, Аца Лукас се пошегува на сопствена сметка. Имено, за време на снимањето на една од емисиите од новата сезона на „Гранд-ѕвезди“, Лукас ѝ се обрати на една од кандидатките, чие презиме е Стокуќа, со зборовите.

– Блазе си ти, ти имаш сто куќи. Јас имав една, а сега немам ниедна!

Дали притоа мислел на луксузната вила што им ја остави на бившата сопруга Соња Вуксановиќ и нивната ќерка Викторија, или, пак, на распадниот дом поради разводот, не разјасни докрај.

Коментари

Популарно