ВИДЕО: Чолиќ и 15 згодни девојки на нива!

Вечниот Чола го најави својот 15ти албум со промоција на новата песна  „Сливите родија“.

Текстот и музиката се на Златан Фазлиќ, аранжманот е на Никша Братош и Дејан Петровиќ, а режијата на Александар Керекеш – Кеки.

Во оваа песна првпат соработува со Дејан Петровиќ, кој се појавува во две улоги: како гостин со својот оркестар и како коаранжер на нумерата.

„Додека го работевме демото, Никша рече дека во песната добро би се вклопиле трубачи и тоа за мене беше како сигнал за Деки, кој е најдобар трубач на овие простори, заедно со неговиот светски бенд. Тој ја прифати поканата и смисли делови што за мене се рокенрол“, изјави Чолиќ.

Спотот се снимал три дена на еден војводински салаш на кој живеат 20 девојки и сè поминало во одличен амбиент.

Коментари

Популарно