Kако да препознаете дали месото е полно со антибиотици и хормони?

Бело, водлесто пилешко или големо бледо парче свинска кременадла, која не е прошарана со бела маснотија се едни од најсигурните знаци дека ова месо е во најмала рака полно со антибиотици, хормони или адитиви.

Единствено месо за кое може да се каже дека е безбедно, е јунешкото, но тоа е поради тоа што овие животни поинаку се исхрануваат од свињите и живината, па поради тоа постојат помали шанси да бидат хранети со сточна храна полна со антибиотици. Поради ова, треба добро да се отворат очите кога се купува месо, бидејќи ситниците може да укажуваат на неправилности, а потполните лаици можат воопшто и да не ги препознаат.

Иако Македонија е во самиот европски врв по потрошувачката на антибиотици во медицината, што само по себе е голем проблем, оној многу поголемиот за кој сеуште не сме свесни, е внесувањето на овие медикаменти преку исхраната. Лекарите посочуваат дека баш антибиотиците во месото се главните причинители за се` поголемата резистентност кон антибиотиците на луѓетп, па постои сериозен страв дека човечкиот живот може да биде загрозен дури и поради банална бактериска инфекција.

Антибиотици во сточната храна

Ветеринарите секогаш потенцираат дека не постои месо, или производ од месо кој е без антибиотици или адитиви.

– Ништо од тоа не е безбедно за децата и возрасните. Се е преполно со хормони, емулгатори и антибиотици. Најголем проблем претставува употребата на антибиотици во сточната храна, кои се ставаат за стоката подобро да напредува и да не се разболува.

Некогаш антибиотиците смееја да се користат само за лечење на животните. Сите се сеќаваме на периодот кога не смееше да се користи млеко или месо од лечени животни. Денес ситуацијата е комплетно поинаква. Сега се ставаат мали дози на антибиотици во сточната храна, како некој тип на превентива, кои се депонираат во месото и бактериите стануваат отпорни на нив. Луѓето кои конзумираат такво месо, внесуваат и антибиотици – објаснува доктор Мирослав Стојшиќ за српски Курир.

Како пример, наведува доктор Стојшиќ, фармерите во сточната храна секогаш додаваат кокцидиостатици, кои се користат кога живината има дијареа.

– И наместо да им се дава максимум три дена, живината тоа го јаде 30 дена, а последните пед дена пред колење не. Проблемот е што супстанцата нема време да се неутрализира за тој период и останува во коските и во месото. Кога живината јаде таква исхрана секојдневно, доаѓа до уништување на ткивото на штитната жлезда, што допринесува за дисбаланс во хормоните и затоа се гојат до три и повеќе килограми за само 35 дена. Доколку човекот јаде вакво месо, до истите нарушувања доаѓа и кај него. – објаснува Стојшиќ.

Како да препознаете кое месо е полно со антибиотици?

На пример, здраво свинско месо има светла до темна црвена боја во зависност од староста. Масното ткиво е бело, а месото мора да биде прошарано со маснотија. Од друга страна, свињата која е хранета со сточна храна полна со антибиотици има белузлаво месо и е доста покрупна. Обично таквото месо е преполно со вода, а ова може да се забележи при самото купување.

Пилешкото месо кое е полно со антибиотици и хормони обично е покрупно, меко, а по печењето коската многу лесно се двои од месото. Бојата на месото е бледа, а месото исто така е полно со вода. Наспроти ова, домашното пилешко од село е со многу поцврста структура.

Ран пубертет и отпорност на лекови

Месото кое е преполно со антибиотици е главен причинител за резистентноста на луѓето на антибиотици.

– Девојчињата влегуваат во преран пубертет затоа што пилешкото е полно со хормони. Ние преку храната внесуваме антибиотици и затоа не чуди што сме резистентни. Сите антибиотици кои им се даваат на животните не се опасни, но мора да постои ригорозна контрола, оваа работа не може да биде оставена на совеста на фармерите и на големите производители на месо – децидни се експертите.

Skopje24.mk

Коментари

Популарно