(ФОТО/ВИДЕО) Кендал го покажала задникот и фановите ја нападнале: "Си го зголемила"

Во последно време во кланот Кардашијан-Џенер најмногу се зборува за Ким, Клои и Кајли, поради гласините за бременост. Манекенката Кендал одлучила да привлече и малку внимание на себе.

21-годишната Кендал Џенер објавила провокативна фотографија на Инстаграм на која позира во тренди црвен "baywatch" костим за капење. Манекенката ја потегнала едната страна од костимот и го покажала задникот, а лицето не го покажала. 

Додека нејзините сестри Клои и Кајли се во центарот на вниманието поради гласините за бременоста, и Ким која признала дека чека принова со помош на сурогат мајка, Кендал останала "на страна". 

Но, на своите профили на социјалните мрежи и натаму објавува провокативни и секси фотографии, кои ги развеселуваат нејзините бројни фанови. 

Сепак, некои од фанвоите се убедени дека Кендал, по примерот на своите сестри, го зголемила задникот. 

"Дали го среди на Фотошоп или го зголеми", ја прашале фановите кои заклучиле дека нејзиното тело е сосема поразлично на Инстаграм отколку во живо. 

Нејзината полусестра Клои исто така ја обвинуваат дека го "преработува" телото пред да објави фотографија на Инстаграм, а неодамна била и фатена во тоа "злосторство". 

Клои до толку ја стеснила својата половина што ги избришала прстите на своето момче Тристан Томпсон. 

Коментари

Популарно