Топло уште некој ден - ни доаѓаат студ и снег!

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб претежно северен ветер. Т-мин. од 1 до 8 а т-макс. 23 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Температурата од 6 до 26 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До недела ќе се задржи стабилното, суво и топло време со натпросечни дневни температури. Од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, повремено пообилни. Од ноќта кон вторник ќе почне да дува повремено засилен северен ветер, врнежите ќе продолжат и во текот на следниот ден, а на југоисток ќе има услови за локална  појава на грмежи.

Дневната температура значително ќе се намали, особено во вторник, кога на повисоките планини на север врнежите ќе поминуваат во снег. Во среда кон крајот на денот врнежите ќе се преместат на југоистокот и ќе престануваат, а на североисток слаб снег може да се појавува од 1500 метри па кон повисоко.

Коментари

Популарно