Што ако не сте „надарен“? Ова ќе ве изненади

Големината на половиот орган кај мажите е поврзана со нивната гордост. Од таму и изразот, „машка гордост“. И додека мажите се грижат дали алтот е мал, жените ги фалат своите љубовници кои не се многу надарени.

Еве што навеле дамите на апликацијата Whisper како причини зошто повеќе го сакаат сексот со мажи кои имаат просечен или пенис помал од просечниот.

Една жена вели дека малите пениси едноставно и` се поубави, повеќе секси од „анакондите“, додека друга додава дека сексот со надарени мажи често може да биде многу болен.

„Всушност, повеќе ги сакам мажите кои имаат мал пенис. Секако, ако знаат како да го користат. Ако знаат, тогаш сексот е уметност“, вели една корисничка на апликацијата Whisper. „Кога ќе размислите малку подобро – залудно ви се сите сантиметри во гаќите, ако мажот не знае да ви ја разгори фантазијата.“

Некои дами велат дека големите пениси „се убави за око“, но дека сепак повеќе го сакаат сексот со мажите кои имаат помал пенис.

„Јас сум жена која ужива во сексот со мажи кои не се надарени – малиот пенис може да ме задоволи исто како и големиот.“

„Ситна сум и сексот со надарен маж ми е непријатен. Ми треба многу време за да почнам да уживам во сексот со некој кој има голем „алат““.

Една девојка смета дека мажите кои не кријат голем „пакет“ во гаѓите повеќе се трудат за време на сексот, што на жените многу им се допаѓа.

„Имав секс со момче кое имаше прилично мал пенис. Необично, но тоа е најдобриот секс кој сум го имала“, признава една девојка.

Коментари

Популарно