(ВИДЕО) Сопруга на Род Стјуарт: „Ме дрогираше, а кога се разбудив уживаше на мене. Дотогаш бев девица…“

Пени Ланкастер, 46. годишната сопруга на рокерот Род Стјуарт, открила дека на почетокот на манекенската кариера била сексуално злоставувана.

Како што раскажала во емисијата на британскиот ITV, моден дизајнер, кога била во неговиот стан, во пијалокот и ставил дрога, а кога се освестила видела дека тој лежи на неа.

“Не се сеќавам премногу бидејќи бев дрогирана, но се виде дека ужива. Јас не уживав. Подоцна се плашев да кажам некому“ раскажала и додала дека тогаш била девица.

Кај дизајнерот отишла бидејќи и ветил дека ќе ја однесе на еден моден настан на кој ќе биде важна личност.

„Се радував бидејќи мислев дека некој ќе ме забележи и можеби ќе добијам работа. Тргнав со него, а тој рече дека мора да оди до станот за да земе нешто“ рекла Пени.

На родителите не им раскажала што и се случило бидејќи се плашела дека ќе ја нападнат зошто со него воопшто отишла во неговиот стан.

„Тоа е човек со кого работев и кому наивно му верував. Пред тоа немав секс, тоа што се случи е застрашувачко. Се обидував да се претворам дека ништо не се случило“ додала Пени.

На тоа денес да ја раскаже својата приказна ја поттикнал скандалот со продуцентот Харви Вајнштајн,а Пени смета дека манекенките се најизложени на злоставување бидејќи на почетокот на кариерата се очајни да најдат работа после бројните одбивања.

Коментари

Популарно