(ВИДЕО+ФОТО) Гевгеличанецот Стојанчо Бучков се пласира во финалето на бугарскиот „Х фактор“!

Македонија ќе има за кого да навива во финалните емисии на бугарскиот „Х фактор“, каде што минатиот викенд заврши и последната фаза од квалификациите пред завршните вечери во живо. Во финалето ќе се натпреваруваат 13. кандидати. Меѓу нив е, извонредниот Стојанчо Бучков од Гевгелија!

Првото финале, како што ни рече Стојанчо Бучков, ќе се одржи во недела и само деветмина најдобри продолжуваат понатаму.

Во фазата наречена „Домовите на судиите“, 22. годишниот пејач ја имаше последната шанса да го убеди менторот Криско дека заслужува место меѓу најдобрите тројца од неговата категорија, а во одлуката му помагаше познатата бугарска пејачка Јорданка Христова. Стојанчо овој пат ја отпеа баладата „Angel“ од Сара Меклаклен, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете во продолжение.

Интересно е што многу македонски млади пејачи се одлучуват да учествуваат во слични избори на „Гранд“ и „Пинк“, но не и Бучков…

„Во тие натпреварувања го нема музичкиот формат кој јас го претпочитам, не дека ги потценувам сите кои учествуваат таму. Но, јас не пеам таква музика, туку модерна поп музика“ ни рече Стојанчо кој одвои малку време меѓу подготовките за во недела.

Во првото финале, во недела, ќе учествуваат 13. натпреварувачи кои ќе се борат за гласовите на публиката како во салата така и на тв гледачите. Му посакуваме многу успех на Стојанчо да се пласира во наредното финале..и се’ до самиот крај…

Коментари

Популарно