Карлеуша збесна поради изјавата на Амфилохиј за абортусите

Познато е дека фолк-дивата Јелена Карлеуша се декларира како атеист, па и не чуди реакцијата на неодамнешната изјава кон митрополитот црногорско-приморски Амфилохиј дека Србинките со абортусите убиле повеќе деца од Хитлер, Мусолини и Борис заедно!

Јелена како по обичај, без влакна на јазикот, остро му одговори на владиката.

 „Дали постои некој обред на истерување на ѓаволот од Амфилохиј за да не тропа повеќе глупости? Бог ќе му прости, се разбира, во оној во кој верува!“, кратко и ефективно во свој стил му одговори Карлеуша.

Коментари

Популарно