Уште денеска сончево и топло, од утре студ и невреме

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец, а кон крајот на денот ќе го промени правецот од југозападен. Т-мин. од 1 до 9 а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од  20 до 27 степени.

Скопје Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурите од 4 / 25 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на влажен и студен воздушен бран од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои  повремено ќе бидат пообилни.

Во понеделник попладне во источните и југоисточните делови врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а кон крајот на денот и ноќта ќе го промени правецот во северен. Во вечерните и ноќните часови на високите планини на север врнежите ќе поминуваат во снег. Врнежите ќе продолжат и во вторник, на повисоките планини во северозападните делови ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува и засилен северен ветер, кои ќе предизвика значително намалување на дневната температура на воздухот која ќе се движи во интервалот од 8 до 15 степени.Во средa ќе преовладува променливо облачно и студено време со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува на повеќе места засилен северен ветер.

Коментари

Популарно