ФОТО: Катарина Иванова со фотка во „Космополитан“

Најпознатата македонска манекенка, Катарина Ивановска, е една од ретките кај нас која не само што се фотографирала за најпознатите модни списанија, туку била дел и од ревиите на најпознатите светски брендови. Иако сега времето го минува со своето синче Вања, сепак, Катарина сподели фотографија на коа е сликана во англискотро издание на еден од најпознатите магазини “Космополитан“.

Во интрервју за “Репортер“ таа неодамна ни раскажа колку мајчинството ја променило и дека сега се се  врти околу синчето Вања. Но, откри и дека во февруари почнува со работните активности, па кога ќе има снимања надвор од земјава ќе замине заедно со сопругот Цобе и бебето. Таа ни откри дека планира догодина за одат сите тројца во Њујорк, каде на својот син ќе му го раскаже нејзниот американски живот.

Коментари

Популарно