Груевски: Им дадоа 20 милиони евра на СДСМ за изборен поткуп

На партискиот митинг на ВМРО ДПМНЕ во Љубанци, лидерот на партијата, Никола Груевски порача дека СДСМ видоа дека не можат да се мерат со нас и удрија на криминални измами.

-Во првиот круг видовме како СДСМ организира избори, страв и притисоци на сите страни. Во Македонија се спроведоа африкански избори. Скршен череп на градоначалник и кандидат за градоначалник, убиен носител на советничка листа, искршени канцеларии на наши штабови, следени кандидати за градоначалници, бугарски возови со секоја општина, недостаток на гласачки ливчиња. Најмногу видовме масовен поткуп со многу пари. Според информациите кои ги имаме истурени се 20 милиони евра црни пари во Македонија на овие избори. Од каде се тие пари, кој има интерес да даде толку пари за СДСМ да излезе победник иако се знаеше и беше јасно дека фаворитот е ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата? Кој има интерес? Тие пари сигурно не ги дале СДСМ и Заев, ги дал некој друг, некој кој има државен интерес да му помогне на Заев за да го реализира неговото сценарио, неговото редефинирање на Македонија кое го најави, рече Груевски.

Коментари

Популарно