ФОТО: Искочила во диско и станала принцеза

Американката Анана Остин засекогаш ќе го запамети излегувањет во ноќен клуб . Таму го запознала принцот од Етиопија и станала принцеза.

Анана во клубот го запознала Џоел Маконен , адвокат и воедно наследник на тронот на Етиопија , правнук на последниот крал Хаиле Селасије I .

Како што раскажува новата принцеза , Џоел веднасш не и кажал дека има кралска крв, но кога врската станала сериозна , дознала кое е момчето што го  сретнала во клубот.

За „Њујорк пост “ таа раскажува дека станува збор за фасцинантна семејна историја , комбинација на црнечката сила и древната христијанска традиција.

Кралската венчавка ја извршиле 13 свештеници на традиционална христијанска церемонија.

Црковната служба се одржала во црква во Масачусец, САД.

 

Коментари

Популарно