ВИДЕО: Тијана како Џеси Џеј - Какво шоу, какво танцување, какво пеење, каков спектакл!

Македонската пејачка, Тијана Дапчевиќ ја отвори четвртата епизода од најновата сезона на „Твоето лице звучи познато“.

Тијана овој пат имаше задача да ја имитира Џеси Џеј и ги изведе хитовите „Bang Bang“ и „Burnin' Up“ на музичката ѕвезда.

Жирито повторно не ги штедеше комплиментите за Тијана.

„Нè фрли во транс. Каков почеток на емисијата! Какво шоу, какво танцување, какво пеење, каков спектакл. Одушевен сум“ – ѝ коментираше Бранко Џуриќ Џуро.

„Тијана, прво што морам да забележам, ти и јас се знаееме сто години, а во меѓувреме ти стана таква мачка, толку добро ти стои таа црна коса. Најбитно, ти конечно ги доживеа своите вистински пет минути за да покажеш дека Тијана е шоумен, изведувач, пејачка, танчарка и мултиталентирана ѕвезда. Се гордеам со тебе“ – рече Јелена Карлеуша.

Минатата недела Дапчевиќ влезе во улогата на Џастин Тимберлејк, а наредно ќе ја имитира Дара Бубамара.

Коментари

Популарно