(ФОТО) Богата и изопачена: Босанката која “жари и пали“ во Холивуд

Американката со босанско потекло, Санела Џенкинс овие денови се најде во центарот на вниманието на американската јавност.

Познатиот актер Роберт Дауни Џуниор ги шокираше сите разоткривајќи го тајниот свет на педофилија и проституција во Холивуд, а како еден од главните актери ја наведе и Санела.

Во неговото експозе во кое ги наведува сите валкани работи и перверзии од политичките кругови и индустријата на забава, Роберт како еден од клучните играчи ја наведе и Санела Дајана Џенкинс, со која некогаш бил близок пријател.

„Немам проблем со било што доколку луѓето тоа го прават доброволно, се додека тоа е во согласност со другите и додека не се повредува некој психички или физички. Јас сум поранешен близок пријател со жената која се вика Дајана Џенкинс. Се сомневам дека ја знаете. Таа е екстремно богата распуштеница, чиј маж управуваше со британската Барклеј банка, а таа беше задолжена за арапските инвеститори во банката! Управуваше со високата проституција за Арапите, луѓето од Вол Стрит, Вашингтон, кралевите и холивудската елита. Исто така е голем филантроп, мецена на уметноста, политички донатор и социјална хостеса за сите. Нејзините најдобри пријатели меѓу холивудските ѕвезди се Шон Пен, Клајв Дејвс, Ари Емануел, Џорџ Клуни, Синди Крафорд и нејзиниот мал куќен љубимец Хајден. Дајана е посредник меѓу богатите Арапи, Азијати, спортисти со холивудските актерки-модели. Таа исто така е болна и изопачена“ – напиша Дауни.

Родена е во Сараево 1973 година како Санела Чатиќ, таму ја поминала младоста и никогаш не заборавила од каде потекнува, па поради тоа е и заслужна за доведување на голем број ѕвезди во Босна, меѓу кои и Анџелина Џоли.

Позната е по хуманитарната работа, а скоро и да не немаше медиум кој не пишуваше за разводот на Санела и богатиот британски банкар Роџер Џенкинс, кој великодушно и без влечење по судови и препушти половина од богатството, кое се проценува на 380 милиони евра.

Па така Санела стана една од најбогатите 500 луѓе во Велика Британија.

Коментари

Популарно