Студено време со дожд и СНЕГ!

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Претежно облачно и студено, со повремени врнежи од дожд, особено во северните делови. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките ќе се формира снежна покривка, особено во северозападните делови. Ќе дува засилен северен ветер. Т-мин. од 4 до 9 а т-макс. од 7 до 14 степени.

Во Скопје претежно облачно со врнежи од дожд, кој повремено ќе биде пообилен. Ќе дува и засилен северен ветер. Т-ра 7/ 11 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

И во среда ќе дува засилен северен ветер и во текот на денот ќе има постепено намалување на облачноста. Потоа во наредните два дена времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Коментари

Популарно