Како се осветуваат интелигентните луѓе?

Ваквата врста на освета најмногу ќе ги погоди оние кои лошо се однесувале кон вас.

Интелигентните луѓе знаат дека со класичната освета ќе се исцрпат емоционално и ќе се спуштат на нивото на оној кој ги повредил, па не посегнуваат по такво нешто.

Исто така, нема ниту да се повлечат, избегнувајќи средба со таа личност, ниту пак тоа ќе им ја наруши самодовербата. Наместо тоа, тие таквиот човек целосно ќе го игнорираат.

Токму ваквиот облик на однесување најмногу ќе го погоди оној кој ги повредил, бидејќи никој не сака да биде „невидлив“.

„Кога некој игнорира некоја личност, таа се прашува зошто тоа се случува. Покрај тоа, ако е свесна дека оваа реакција ја предизвикала со своето лошо однесување, тогаш нема да и даде мир. Постојано ќе се прашува што оној кој го игнорира мисли, дали ќе направи некој потег и каков ќе биде ако го направи“, објаснува психологот Елизабет Мајер.

Со овој начин на освета покажувате дека сте над таа личност на ментално ниво.

Исто така, од внатре ќе чувствува љубопитност, бидејќи од вашето однесување нема да може да заклучи какво мислење имате вие за него.

На крај ќе сфати дека желбата да ви наштети била залудна, бидејќи ја нема очекуваната бурна реакција од страна на повредниот.

Секако, доколку некој ве повреди несвесно, мора да биде подготвен на тоа да се извини, а вие треба да бидете подготвени да му простите – тоа најдобро покажува колку сте над призмените емоции и нагони. 

Коментари

Популарно