(ФОТО) Сликана гола и уценувана: Потегот на познатата пејачка ги воодушеви сите

Популарната пејачка Сиа неодамна била уценувана со фотографии на кои целосно е гола, а од нејзините обожаватели и од медиумите бил побаран голем износ на пари за да им бидат покажани сликите.

Таа одлучила на многумина да им заштеди пари и сама ги објавила фотографиите на кои е гола и тоа на социјалните мрежи.

-Некој се обиде да ги продаде фотографиите на кои сум гола и тоа на мои обожаватели. Не трошете пари, ви ги давам бесплатно. Секој ден е Божиќ, напишала Сиа на Твитер.

Огромниот број обожаватели биле воодушевени од потегот на Сиа, додека агенцијата која сакала да ги продаде фотографиите останала без профит.

Коментари

Популарно