Шилегов: Нема паркирање во Центар ако не живеете таму!

Во строгиот центар на Скопје ќе може да се паркираат само жителите, најави градоначалникот Петре Шилегов, кој најави и дека ќе поскапи и паркирањето во Центарот.

- Ќе го реорганизираме паркирањето во рамките на постоечката инфраструктура. Постепено ќе ги ослободиме пешачките зони и тротоарите од автомобили и ќе воведеме режим каде може, а каде не може да се паркира. Со тек на време ќе воведеме и резиденцијално паркирање за луѓето кои живеат во тој дел, како единствен начин на паркирање во централното градско јадро - рече Шилегов.

Тој вчера најави скалесто поскапување на цените за паркирање, а намалување на билетите во автобусите со цел да се стимулираат граѓаните да користат јавен превоз. 

Коментари

Популарно