Најдобрата дугарка откри нови детали - Кеба се залетал и воопшто не успорил на пешачки

Најдобрата другарка на 18-годишната А.Ѓ., која синоќа на пешачкиот премин на улицата „Париска комуна“, во Нов Белград беше прегазена од фолк пејачот Драган Којиќ Кеба, вели дека пејачот во ниту еден момент не запрел пред пешачкиот премин.

Сообраќајката се случила додека девојчињата се враќале дома од училиште.

Според зборовите на најдобрата другарка на повредената, пејачот буквално се залетал.

-Ниту во еден момент не застана, ниту забави пред пешачкиот премин. А.Ѓ. се здоби со полесни повреди, неколку конци на главата, а повреди има и на нозете и грбот. Доживеа и епилептичен напад - изјавила другарката за српските медиуми и додала дека повредената сега е на домашно лекување.

Таа тврди дека Кеба се вратил да види како е девојката и инсистирал тој да ја одвезе во болница.

-Веројатно сакаше да сокрие што се случило, но јас бев побрза и викнав Брза помош, која веднаш дојде - наведува другарката изреволтирана од однесувањето на пејачот.

Да потсетиме, Драган Којиќ синоќа околу 20 часот прегази девојка на ешачки премин, а од полицијата потврдиле дека не биле пронајдени траги од алкохол во неговата крв.

Коментари

Популарно