(ВИДЕО) Нова тренинг мајсторија на Роналдо – ваков гол досега не е виден!

Во моментите кога повеќето ѕвезди на Реал Мадрид се дел од своите селекции во последната репрезентативна пауза оваа година, првиот ас Кристијано Роналдо напорно работи во подигање на својата форма, која на стартот на оваа сезона не е на очекуваното ниво.

Португалецот е познат како голем работник на фудбалскиот терен, но и голем професионалец на тренинзите на својот клуб. Секогаш го давал максимумот, а често знае да ги „почести“ своите фанови со некоја мајсторија. 

Токму тоа се случи на последниот тренинг на „кралевите“, кога на една нафрлена топка, Роналдо со големо чувство, со рамо ја смести топката во голот. 

Најдобриот фудбалер на светот, шанса да ја прекине црната серија во Примера ќе има наредниот викенд, кога Реал Мадрид ќе го игра големото градско дерби со Атлетико.  

Коментари

Популарно