Се расветли убиството во Србија: Еден човек направи нешто неочекувано по веста за смртта на Никола

Полицијата во Србија го реши бруталното убиство на Никола Остојиќ по четири дена. Неговиот најдобар другар Филип Гаврановиќ го убил за пари, бидејќи бил во долгови, а потоа сите лични предмети му ги фрлил на насипот каде беше убиена Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, вклучувајќи го и телефонот, па затоа и полицијата се надеваше дека по сигналот ќе го најде жив.

Гаврановиќ се оженил три недели пред страшното злосторство, имал работилница за стакла, бил во долгови особено за свадбата. Дури и оделото за свадба го купил со позајмени пари.

На денот на свадбата од Никола барал 2.000 динари за да има пари во џеб за свадбата.

Зошто бил постојано во долгови не знаат ни соседите. Двајцата биле млади и многу се дружеле. Никола бил вредно момче кое работело 24 часа. Живеел под кирија и штедел пари.

Филип го убил другарот поради пари, знаејќи дека има заштедено и може да му ја оствари целта, да си ја прошири работилницата со тие пари.

Полицијата го потврди мотивот за бруталното убиство во Србија, кое се расветлуваше со денови. Филип Гаврановиќ го убил својот најверен пријател од детството, Никола Остојиќ, за да го врати големиот долг за кој примал закани.

Како што велат од семејството на Остојиќ за Курир.рс, убиецот бил во „долгови до гуша", и бил толку очаен што го убил најверниот пријател за да му земе 20.000 евра.

Работел во работилница за стакло која ја наследил од татка си неодамна, а работата добро му тргнала, но сакал да отвори и пекара во Белград, па се задолжил пари. 

Дури и сопругата на убиецот изјавила дека тој го направил убиството за пари.

Откако го убил пријателот го покрил со стакло, го затрупал телото и сите работи ги фрлил на насипот во Борча, каде ја убија и јелена Крсмановиќ марјановиќ, ѕвездата на Гранд.

Веста за убиството ја чул и оној на кого Гаврановиќ му должел пари, па дента решил да ги однесе парите кај семејството на жртвата. 

Мајката на Никола вели, тој испаднал многу коректен, но што ќе им пари кога чедото им го нема.

Коментари

Популарно