Македонија: Наставник извадил пиштол и му се заканувал на директорот дека ќе го убие

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ш.Ј. (56) од с. Зајас поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

„Ш.Ј., наставник во општинско средно училиште „Дрита“ во Кичево, на 31.10.2017 година во 10.00 часот, во канцеларијата на директорот, после вербална расправија, му се заканил дека ќе го убие со пиштол, доколку не го реши неговиот проблем“, наведуваат од МВР.  

Коментари

Популарно