ВИДЕО: Кирил го мрзело да вежба, а сакал големи мускули, па се напукал со...

Пред да ја прочитате статијата и погледнете видеото, запомнете: НЕ ГО ПРАВЕТЕ ОВА! ОПАСНО е по живот! Кирил Терешин е навидум обичен 21-годишник и билдер од Русија. Поточно, тој е некој кој би сакал да биде билдер, а во теретана всушност не ни влегол во животот.

За да си ја исполни желбата, а без да се мачи со кревање тегови, тој нашол луда алтернатива – си вбризгал синтол, мешавина која се состои од 85 отсто масло, 7,5 отсто лидокаин и 7,5 отсто алкохол.  Се работи за супстанца која се популаризирала во земјите на Јужна Америка и тоа со помош на оние кои сакале мускули без вежбање. Иако всушност своевремено ја користеле исклучиво вистинските бодибилдери за да ја истакнат дефиницијата на која макотрпно работеле.

Кирил се пофалил дека синтолот си го вбризгува од крајот на летото, иако лекарите го предупредиле дека ова што го прави може да доведе до оштетување на нервите, мускулите, бројки инфекции, а забележани и се и неколку ампутации на екстремитети до кои дошло како резултат на низа компликации.

Коментари

Популарно