(ФОТО) Татјана Стојановска славеше роденден: Со кого најубавата ТВ презентерка на сите времиња ги дуваше свеќичките на тортата?

Иако кариерата на јавно лице ја започна како манекенка и мисица, долги години таа е едно од највпечатливите ТВ лица кај нас. Од МТВ, преку А1 до Канал 5… вестите речиси не можат да се замислат без да го видите нејзиниот лик и да го слушнете нејзиниот глас.

И покрај тоа што денес е дама во „зрели години“, убавината се уште извира од неа како и во деновите на нејзината младост.

Па не случајно неодамна и самиот Александар Билјановски Дадар – најпознатиот македонски стилист јавно изјави дека таа, Татјана Стојановска е: „…најубавата ТВ презентерка на сите времиња“, без конкуренција!

Татјана деновиве славеше роденден. На дамите ниту им се бројат ниту се прашуваат за годините! Ама затоа кога се познатите фаци во прапшање, сите се прашуваат со кого истите го слават роденденот. Љубопитноста кај народот отсекогаш била голема колку и желбата да дознае:  Кој тоа со убавата презентерка заедно ги дуваше свеќичките на тортата?

За да нема многу нагаѓања, претпоставки и „бош муабети“, самата Татјана се потруди „со отворени карти“ да настапи пред јавноста, па фотографиите од малата семејна роденденска прослава да ги постира на социјалните мрежи!

Во вистинска семејна хармонија, во друштво на синот, саканиот и нивните родители, ТВ презентерката на вестите на Канал 5  ги дувна свеќичките на тортата од бело чоколадо во форма на срце, која од срце нејзините најблиски и ја подарија!

Коментари

Популарно