(ВИДЕО) Си-Ен-Ен објави снимка од продажба на луѓе во Либија

Си-Ен-Ен објави шокантно видео снимено на непозната локација во Либија на која што се гледа продажба на двајца мажи.

На видеото може да се слушне аукцијата на која што се нуди цена за купување на робовите, а постигнатата цена е 1.200 либиски динари, што е околу 800 долари.

Едниот од продадените мажи е од Нигерија, а бил понуден во групата „големи и силни момци за работа на фарма“, како што го опишува аукционерот.

По објавувањето на видеото, новинари на Си-Ен-Ен отпатувале за Либија за да се уверат во нејзината веродостојност и како што наведуваат новинарите сведочеле на бројни аукции.

По аукцијата екипата на телевизијата се сретнала со двајцата мажи кои што биле продадени, но биле исплашени и не можеле да зборуваат.

Според Си-Ен-Ен секоја година десетици илјади луѓе стигнуваат до либиската граница обидувајќи се да добијат подобра шанса во Европа.

Многу од нив продале се што имале за финансиски да го обезбедат патот преку Либија. Меѓутоа се помалку бродови тргнуваат накај европа, оставајќи ги очајните луѓе во рацете на криумчарите со што тие стануваат робови.

Видеото на Си-Ен-Ен е предадено на либиските власти кои ветиле дека ќе спроведат истрага.

Коментари

Популарно