Дожд и денес, се до...

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни, особено во северозападните, централните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Т-мин. од 7 до 11 а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од 9 до 14 степени.

Скопје Облачно со врнежи од дожд со променлив интензитет, а повремено ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурите од 7 / 10 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на циклонска активност до петок ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни. Во петок во југозападните делови ќе има пообилни врнежи. Од утре до сабота локално се очекува да наврнат уште над 40 л/м2. Најмалку врнежи се очекуваат во крајните источни делови. Во сабота интензитетот на врнежите ќе се намалува, а од недела ќе има опаѓање на температурата и повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места и врнежи од снег.

Коментари

Популарно