ВИДЕО кое ќе ве расплаче: Крава трча по своите телиња додека ги носат кон кланица

Организацијата за заштита на животните „Сејф“ објави срцепарателно видео на кое се гледа како мајката крава оди по своите младенчиња, кои се сместени во приколка.

Имено, животното чисто водено од мајчинскиот инстинкт одбива да се одвои од своите деца.

Таа трча по нив, се додека возачот кој ги превезувал телињата не застанал покрај патот.

Организацијата која го објави видеото наведува дека животните се вознемирени кога се одвојуваат од потомствоот, како и дека во тие ситуации нема разлика во реакцијата меѓу животните и луѓето.

Коментари

Популарно