Ескалира во соблекувалната на Реал: Рамос и Роналдо во „војна“!?

Шпанските медиуми скоро секоја недела пишуваат барем за еден конфликт помеѓу ѕвездите на Реал Мадрид, а денешното издание на „Марка“ пренесува вести кои сигурно ќе ги загржат фановите на „кралевите“.

Според „Марка“ капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос и главната ѕвезда на тимот на Кристиано Роналдо не се во најдобри односи.

По поразот на Реал од Тотенхем пред две недели, Роналдо пред новинарите изјави дека проблемот е во тоа што Реал минатото лето се откажа од искусни фудбалери како (Џејмс, Пепе, Мората). Рамос преку медиумите му одговори дека Реал на почетокот на сезоната освоил два суперкупа и без тие играчи.

„Марка“ додава дека Роналдо останал осамен во соблекувалната после заминувањето на неговите сонародници Пепе и Коентрао, додека Рамос ужива поголем углед и авторитет кај младите фудбалери, помеѓу кои се и Шпанците.

Покрај ова се потсетува дека и Рамос неодамна отворено го повика Нејмар во Реал, а Бразилецот и тоа како би загрозил статусот на ѕвезда на Португалецот.

На прашањето дали Роналдо ќе го напушти Реал, Рамос одговори: „Прашајте го него, јас не знам ништо“.

Коментари

Популарно