Дожд и денес и за викендов

Под влијание на циклонска активност и денеска ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат пообилни, особено во јужните делови, каде локално се очекува да наврнат над 40 л/м2. Во текот на денот врнежите ќе се преместуваат кон исток. Во сабота врнежите ќе бидат поумерени и претежно во источните делови, а во недела слаби и локални. Од понеделник со засилен северен ветер ќе има позначително заладување со врнежи од дожд и снег.

Коментари

Популарно